October 1, 2025 | | Македонија
Фудбалската федерација на Македонија продолжува со унапредување на инфраструктурата. Претседателот Масар Омерагиќ денеска објави дека теренот број 1 на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ е целосно реконструиран, а во функција е пуштен и нов паркинг простор. „Го обновуваме нашиот тренинг-центар ‘Петар Милошевски’. Целосно го реконструираме теренот број 1 – со дренажа и со нова тревна подлога. Дополнително, направивме нов паркинг простор и пристап до трибините на теренот 2 и нов визуелен изглед на центарот. Создаваме современи услови за развој и работа на сите наши национални селекции“, изјави Омерагиќ. Со оваа инвестиција, националниот тренинг-центар добива современи услови кои ќе им користат на сите репрезентативни категории, од младинските до сениорските селекции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |