June 12, 2024 | | Свет
Големиот шпански талент и играч на Барселона Ламин Јамал е најмладиот фудбалер во редовите на шпанската репрезентација на ова Европско првенство. Иако ќе игра на овој голем турнир, сепак тој не смее да заборави и на училиштето додека е во Германија. „Се уште сум четврта година средно и земав домашни задачи со себе. Имам онлајн часови и во овој момент ми оди добро. Сепак, се надевам дека во текот на првенството професерот нема да ме испрашува“, вели Јамал. Тој ги коментираше и шансите на Шпанија на ова ЕП. „Не дојдовме тука само да се појавиме, туку да се обидеме да направиме историја. Се надевам дека можеме да стигнеме далеку на Европското првенство“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |