Јунајтед бара напаѓач: Размислуваат за ангажирање на Зиркзе

June 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед бара напаѓач: Размислуваат за ангажирање на Зиркзе

Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата за да го ангажира Холанѓанецот Јошуа Зиркзе од Болоња. Тој е шпиц, а може да игра и како втор напаѓач. Според информациите на Дејвид Орнстин од „The Athletic“, клубовите допрва треба да имаат меѓусебни разговори, а Јунајтед веќе е во разговори со неговиот агент. Тој има откупна клаузула од 40 милиони евра, а важен фактор се плататата и трошоците за агентот. Под палката на Тиаго Мота во Болоња, сезонава Зиркзе во СЕРИЈА А постигна 11 гола и пет асистенции каде се изборија за Лигата на шампиони. Дополнително тој беше повикан на ЕУРО 2024 откако се испостави дека Де Јонг и Копмајнерс нема да можат да играат на турнирот поради повреди.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.