June 14, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед планира сериозно да се засилува летово со доаѓањето на ИНЕОС како нова управа која ќе управува со клубот од Манчестер. Иако имаше шпекулации дека Јунајтед нема да може да прави големи трансфери поради проблеми со финансискиот фер-плеј, очигледно тоа не е така. Јунајтед смета дека приоритет треба да биде одбраната бидејќи со заминувањето на Варан летово се отвара простор за нов дефанзивец. Изборот падна на Џаред Брантвајт кој привлече внимание со своите настапи во дресот на Евертон и стана еден од најатрактивните дефанзивци во Премиер лигата. Според „BBC“, Ретклиф дал зелено светло за напад на талентираниот стопер за кого се заинтересирани и други ривали од Премиер лигата, но за очекување е преговорите да одат доста тешко. Евертон тврди дека Брантвајт нема да биде продаден за сума помала од 80 милиони фунти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |