August 1, 2024 | | Свет
Анчелоти беше запрашан за тоа кој фудбалер треба да ја освои Златната топка. Тој верува дека Винисиус Жуниор, ќе ја освои наградата, иако многумина би можеле во последно време да кажат дека тоа треба да биде Родри. „Винисиус ќе ја освои Златната топка според мене. Но, Винисиус е талентиран фудбалер, млад, добар имиџ, ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите даде голови во финалето и полуфиналето. Тој даде два гола во Минхен“, вели Анчелоти. Тој рече дека и Карвахал бил многу добар каде ја освои Ла Лига, Лигата на Шампионите и постигна гол во финалето, а го освои и Европското првенство. „Џуд имаше фантастична сезона. Ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и беше големо изненадување. Најдобар фудбалер во лигата. Родри исто така е фантастичен фудбалер од средниот ред, еден од најдобрите во натпреварувањето и конзистентен“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |