Анчелоти: Тоа што му се случува на Винисиус е неиздржливо

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Тоа што му се случува на Винисиус е неиздржливо

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти беше запрашан за Бразилецот Винисиус Жуниор и во однос на тоа што тој го доживува на теренот. Тој често влегува во конфликт со шпанските навивачи каде и на последниот дуел со Сосиедад, Винисиус беше исвиркуван. Винисиус постигна гол од пенал на тој натпревар, па голот реши да го прослави ставајќи го прстот на устата, покажувајќи им на фановите дека дека треба да молчат. “Тоа е реакција на грдите ситуации кои му се случиле многу пати. Постојано е навредуван, никој не може да издржи, па ни јас. Нормално е што го става прстот на устата со оглед на се што се случува. Она што му се случува на Винисиус со години е неиздржливо. Мислам дека навивачите го прават тоа затоа што Винисиус може да им се заканува во спортска смисла, па сакаат да го исфрлат од рамнотежа во текот на натпреварот“, рече Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.