Англија личи на сѐ, само не на фаворит на ЕП: Одиграа нерешено со Данска (ВИДЕО)

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англија личи на сѐ, само не на фаворит на ЕП: Одиграа нерешено со Данска (ВИДЕО)

Според она што го прикажа Англија денес кое беше уште полошо издание од она со Србија, тешко со ваков пристап и игра тие да одат до крај на турнирот во Европското првенсто, иако и тоа никогаш со сигурност неможе да се каже. Англичаните буквално чекаа крај на натпреварот. Крајниот резултат беше реален, а Саутгејт денес направи огромни измени каде одеднаш ги извади Фоден, Кејн и Сака од игра што покажува за неговото незадоволство во играта на неговите главни играчи. Кејн погоди во 18. минута, а Данска со голот на Хјулманд постигна неверојатен гол од 28 метри во 34. минута и резултатот остана ист до крај. Следниот натпревар Англија ќе го игра против Словенија, а Данска против Србија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.