Анри го кажа својот фаворит за „Златната топка“: Луѓето подзабораваат на такви играчи

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри го кажа својот фаворит за „Златната топка“: Луѓето подзабораваат на такви играчи

Добитникот на „Златната топка“ ќе биде во понеделник каде во Париз ќе биде одржана свечена церемонија. На сите им стана јасно дека после вчерашниот настап на Винисиус, скоро па сигурно оваа престижна награда ќе отиде во рацете на Бразилецот. Запрашан за тоа кој најмногу ја заслужува „Златната топка“, Тјери Анри во „CBS Sport Golazo“ рече дека иако Винисиус ја заслужува, сепак постои играч кој ја заслужува повеќе од него. „Мој избор е Родри. Отсекогаш сакав играчи како Чави и Иниеста да го добијат тоа признание. За жал, луѓето во фудбалот подзабораваат на такви играчи, забораваат што прават и што значат тие за тимот. Такви играчи се срцето на тимот, Родри е срцето на Манчестер Сити. Знам дека тој не ја освои титулата во Лига на шампиони, но затоа го освои Европското првенство. Од друга страна, Винисиус воопшто не се појави на Копа Америка, како воопшто да не играше. Сепак, ако ме прашувате дали ја заслужува „Златната топка“, ќе кажам „ДА“. Тој е извонреден и за мене е најдобар напаѓач во светот. Ја заслужува наградата, но не повеќе од Родри“, вели Анри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.