Антони намести за гол, но и направи наивен црвен картон (ВИДЕО)

February 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Антони намести за гол, но и направи наивен црвен картон (ВИДЕО)

Бразилецот Антони беше во центарот на вниманието на натпреварот меѓу Бетис и Гетафе, кој заврши со победа на Бетис од 2:1 во рамките на 25. коло во Ла Лига. Антони, кој е позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед, игра одлично по пристигнувањето во шпанскиот тим и на овој натпревар забележа асистенција за Иско. Сепак, во самиот финиш направи непотребен прекршок, за кој доби црвен картон. При водство на Бетис од 2:1, Антони направи груб старт и заслужено беше исклучен, поради што ќе го пропушти дуелот против Реал Мадрид наредниот викенд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.