Аргентина е првиот финалист на Копа Америка со головите на Алварез и Меси! (ВИДЕО)

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Аргентина е првиот финалист на Копа Америка со головите на Алварез и Меси! (ВИДЕО)

Бранителот на титулата Аргентина е првиот финалист на овогодинешното издание на Копа Америка. Конечниот резултат беше 2-0 а стрелци беа Јулијан Алварес и Лионел Меси. Тие поведоа во 22-рата минута, кога Алварес одлично реагираше и со гол низ нозете на противничкиот голман го отвори резултатот. Аргентина ја потврди победата со голот на Лионел Меси по само шест минути игра во вториот дел. За Меси ова беше 109-ти погодок во 186 настапи во дресот на Аргентина и сега го помина легендарниот ирански голгетер Али Даеи, кој имаше 108 погодоци во 148 средби. Пред Меси е само Кристијано Роналдо со 130 гола во дресот на португалската селекција во 212 настапи. Аргентина сега ќе го чека победникот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија. ;

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.