Атлетико ѝ даде два гола на Барселона за пет минути, Каталонците веднаш возвратија (ВИДЕО)

February 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико ѝ даде два гола на Барселона за пет минути, Каталонците веднаш возвратија (ВИДЕО)

Неверојатни 20 минути одиграа Барселона и Атлетико Мадрид во првиот полуфинален дуел во рамките на Копа дел Реј. Уште во првата минута Атлетико Мадрид поведе преку Хулиан Алварез, а по само пет минути предноста ја дуплираше Антоан Гризман. Сепак, Барселона брзо успеа да се врати во игра, прво преку Педри во 19. минута, и само две минути подоцна преку Пау Кубарси по изведен корнер од страна на Рафиња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.