Атлетико дебело ќе плати за Алварез: Сити поставува клупски рекорд за најголема продажба!

August 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Атлетико дебело ќе плати за Алварез: Сити поставува клупски рекорд за најголема продажба!

Атлетико Мадрид се договорил со Манчестер Сити за трансфер на Хулиан Алварез кој може да достигне и до 95 милиони евра. Во моментов се договораат последните детали за личните услови, а ова ќе биде нов рекорд кој ќе го постави тимот од Манчестер во однос на продаден играч. После две и пол години Алварез ќе замине од Сити каде дојде од редовите на Ривер Плејт за 17 милиони евра. Тој ќе биде третото засилување за Атлетико летово после Ле Норманд и Серлот, а на чекор се и од потпишување на Конор Галагер. На 54 натпревари минатата сезона успеа да постигне 19 гола и 13 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.