September 21, 2024 | | Свет
Баерн Минхен продолжува со страшната форма. Откако го совладаа Динамо Загреб со 9-2, денеска го торпедираа Вердер Бремен со пет гола. Во последните осум дена славеа против Холштајн Кил со 1-6, со Динамо Загреб 9-2 и денеска со 5-0 против Бремен. Резултатот го отвори Мајкл Олисе по 23. минути игра по асистенција од Кејн. Мусиала зголеми на 0-2 на асистенција на Олисе во 32. минута. Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Кејн, Олисе по втор пат, како и Гнабри. Вердер Бремен немаше ниту еден шут кон противничкиот гол.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |