Барса ќе направи сѐ за да го донесе Вирц следната сезона

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса ќе направи сѐ за да го донесе Вирц следната сезона

Според пишувањата на новинарот Фернандо Поло од каталонскиот весник „Mundo Deportivo“, Вирц е „ултимативен сон“ на управата на Барселона па така тие веруваат дека ќе имаат финансиска моќ да го донесат. Барселона го следи Вирц со години, а конкретно откако Деко стана член на управата на Барселона, Вирц редовно е скаутиран и клубот има извештаи за него. Одредени членови од управата на Барселона се во многу добри односи со спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс, а исто така и Флик го познава Вирц многу добро. Вирц неколку пати отворено зборуваше за неговите симпатии спрема Барселона па останува да се види колку реално оваа операција може да се изведе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.