Барселона го потопи Баерн Минхен со четири гола, хет-трик на Рафиња! (ВИДЕО)

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона го потопи Баерн Минхен со четири гола, хет-трик на Рафиња! (ВИДЕО)

Барселона оствари огромна победа против Баерн Минхен со резултат од 4-1 во третото коло од Лигата на шампионите. Рафиња во првата минута го отвори резултатот на асистенција на Фермин Лопез. Кејн постигна гол во 10. минутата, но беше досуден офсајд. Но, само осум минути подоцна Кејн успеа да израмни на асистенција на Гнабри. Цело полувреме Баерн играше офанзивно и агресивно, а Барселона ја чекаше својата шанса која дојде најпрво во 36. минута преку Левандовски, а потоа преку Рафиња кој прекрасно погоди во 45. минута. Во вториот дел Барселона ја запечати победата во 56. минута со третиот гол на Рафиња кој реши да шутира надвор од шеснаесетникот и да погоди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.