BBC: Ова се најголемите таленти на Европското првенство

June 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

BBC: Ова се најголемите таленти на Европското првенство

„BBC“ направи листа со млади таленти кои не настапуваат во Премиер лигата, а треба да им се обрати внимание на Европското првенство а станува збор за 24 фудбалери. Иако Англичаните од секогаш биле познати по тоа што ги форсираат нивните таленти, во оваа листа решиле тие да не бидат вклучени, туку сите „останати“. Прв е „новиот Модриќ“, поточно Хрватскиот репрезентативец Мартин Батурина а зад него има таленти како Варен Заир-Емери (18), Бенјамин Шешко (21) и Флоријан Вирц (21). Батурина вреди 20 милиони евра според „Transfermarkt“, Заир-Емери вреди 60, а Германецот Вирц неверојатни 130 милиони евра. На истата листа на претходното Европско првенство се најде и Елиф Елмас. Ова е листата на “BBC”: Мартин Батурина (Хрватска, Динамо) Ворен Заир-Емери (Франција, ПСЖ) Бенјамин Шешко (Словенија, РБ Лајпциг) Брајан Броби (Холандија, Ајакс) Флоријан Вирц (Германија, Баер Леверкузен) Џорџи Мамардашвили (Грузија, Валенсија) Јохан Бакајоко (Белгија, ПСВ) Хеорхи Судаков (Украина, Шахтјор) Џамал Мусиала (Германија, Баерн) Жоао Невес (Португалија, Бенфика) Страхиња Павловиќ (Србија, Ред Бул Салцбург) Леополд Кверфелд (Австрија, Рапид Виена) Арда Ѓулер (Турција, Реал Мадрид) Чави Симонс (Холандија, ПСЖ) Зено Дебаст (Белгија, Спортинг) Марио Митај (Албанија, Локомотив Москва) Владислав Ванат (Украина, Динамо Киев) Џереми Фримпонг (Холандија, Баер Леверкузен) Матеј Јурашек (Чешка, Славија Прага) Мортен Хјулманд (Данска, Спортинг) Кенан Јилдиз (Турција, Јувентус) Лазар Самарџиќ (Србија, Удинезе) Адам Оберт (Словачка, Каљари) Жан Випотник (Словенија, Бордо)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.