Бекот на Баерн фатен пијан со своето Ламборгини од 200.000 евра

November 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бекот на Баерн фатен пијан со своето Ламборгини од 200.000 евра

Алфонсо Дејвис, фудбалерот на германскиот гигант Баерн Минхен, се најде во невообичаена ситуација денес рано утро, кога полицијата го запрела во Минхен поради возење под влијание на алкохол. Канадскиот лев бек бил во Ламборгини Урус, луксузно возило вредно 216.000 евра. Во околу два часот наутро, полицијата го запрела фудбалерот и по извршениот алкотест било утврдено дека има 0.6 промили алкохол во крвта. Според германските закони, тоа е над дозволеното, но не и доволно за кривична пријава – да бил повисок процентот, ситуацијата ќе била посериозна. За среќа на Дејвис, избегна поголеми проблеми, но не му било дозволено да продолжи со возењето. Неговиот пријател морал да го замени зад воланот и да го однесе дома. Иако го чека само прекршочна казна, која се проценува на 500 евра, инцидентот ја постави ѕвездата на Баерн под светлата на јавноста поради несреќниот избор на време и место за возење. Без разлика на оваа мала грешка, Дејвис останува важен дел од тимот, но овој случај дефинитивно ќе му послужи како лекција за во иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.