Даглас Луиз е на чекор од трансфер во Јувентус

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Даглас Луиз е на чекор од трансфер во Јувентус

Покрај тоа што денес се очекува Тиаго Мота да биде потврден како нов тренер на Јувентус, тие се во финални преговори и да го завршат трансферот на Даглас Луиз од Астон Вила. Јуве е блиску да ги договори личните услови со Луиз. Јувентус ќе плати 20 милиони евра и ќе ги даде Винстон Мекени и Семјуел Илинг во пакет кој се проценува на вкупно 65 милиони евра. Сезонава Луиз постигна 10 гола и асистенции на 53 натпревари во сите натпреварувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.