„Деветката“ во Јунајтед има нов сопственик!

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Деветката“ во Јунајтед има нов сопственик!

Манчестер Јунајтед денеска објави дека од наредната сезона Расмус Хојлунд ќе го носи дресот со бројот 9. Оваа бројка беше слободна откако Марсијал го напушти Јунајтед. Претходно го носеше дресот со бројот 11, а сега реши да направи промена. Најчесто во светот на фудбалот, шпицевите го носат дресот со бројот 9. Во својата прва сезона во Манчестер Јунајтед тој постигна 16 погодоци. Деветката на Јунајтед ја носеле играчи како Енди Кол, Златан Ибрахимовиќ, Димитар Бербатов, Радамел Фалкао, Луис Саха, Ромелу Лукаку и Брајан Меклер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.