Џексон го шамари Вест Хем, Челси има убава предност! (ВИДЕО)

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Џексон го шамари Вест Хем, Челси има убава предност! (ВИДЕО)

Челси води со 2-0 против Вест Хем со двата гола на Николас Џексон. Првиот гол дојде во 4. минута на асистенција на Џејдон Санчо, а вториот падна во 18. минута и му намести Каиседо. Првиот гол падна откако Сенегалецот го искористи додавањето на Санчо и директно трчаше кон голот и успеа да дојде до шеснаесетникот на Вест Хем каде меѓу нозе му ја протна топката на Ареола. За вториот гол, прекрасна топка во простор му даде Каиседо каде Џексон беше спремен па лесно со надворешна ја смести топката во голот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.