October 19, 2024 | | Свет
Некогашниот огромен англиски талент Енди Керол во моментов настапува за француски Бордо каде како што тврди, имал помала плата од киријата која ја плаќа. Поради банкрот, Бордо е елиминиран во четвртиот ранг од натпреварувањето. Керол во францускиот клуб наводно заработувал 3.500 евра месечно, но Англичанецот вели дека платата е всушност помала. „Земам помалку од таа плата. Нема да ви кажам точно колку ми е платата, но ќе ви кажам дека кога стигнав овде изнајмив мала куќа, а платата ми е помала од онаа што ја плаќам за кирија. Имав понуди да играм во Саудиска Арабија, но тоа не ме интересираше“, изјави Керол. Според информациите на „L'Equipe“ пак, Керол заработува помалку од 2.500 евра месечно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |