Флик полн пофалби: Никогаш не сум тренирал играч како него!

October 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик полн пофалби: Никогаш не сум тренирал играч како него!

Реал Мадрид и Барселона ќе се соочат утре на „Сантијаго Бернабеу“ со почеток од 21:00 часот. И двата тима имаа одлично коло во Лигата на шампионите каде Реал го совлада Дортмунд, а Барселона славеше против Баерн Минхен. По триумфот на Барселона над Баерн, Ханси Флик имаше само пофални зборови за Рафиња кој успеа да постигне хет-трик. „Никогаш во ниту еден тим не сум тренирал фудбалер како Рафиња. Човекот секогаш се дава целиот во натпреварот и го остава срцето на теренот. Со топка или без топка. Рафиња игра неверојатно, секогаш прв започнува со пресингот, креира шанси и ги проследува во завршницата“, изјави Флик. Рафиња сезонава игра како препороден во Барселона и е еден од клучните играчи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.