Франција „на мускули“ успеа да ја совлада Австрија (ВИДЕО)

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Франција „на мускули“ успеа да ја совлада Австрија (ВИДЕО)

Франција на искуство успеа да ја совлада Австрија, но она што го прикажа денес Франција воопшто не изгледаше добро. Голот падна преку автогол кога Вобер несреќно си ја заби топката во гол на асистенција на Мбапе. Франција пропушти неколку шанси, но мораше натпреварот порано рутински да го реши. Изгледаа неповрзано и нерешително, но трите бода се тука. Следниот натпревар Франција ќе го игра со Холандија и тоа ќе биде директен дуел за тоа кој ќе го превземе првото место. Австрија ќе има шанса да се поправи против Полска, иако и таа цврсто се покажа против Холандија во првото коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.