Фудбалерите воодушевени од Аморим, веќе му дале и прекар

November 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фудбалерите воодушевени од Аморим, веќе му дале и прекар

Рубен Аморим го започна поглавјето како тренер на Манчестер Јунајтед. Засега се чини дека тој одлично е прифатен во клубот и веќе имаше неколку позитивни реакции од неговите тренинзи. На првиот тренинг биле присутни само десетмина фудбалери поради обврските кон репрезентациите на останатите. Извор за „The Sun“ вели дека дел од фудбалерите биле воодушевени од брзото влијание кое Аморим го имал врз тимот па му го доделиле прекарот „Мурињо 2.0“. „Аморим зборуваше дека големи тренери не успеале да го повторат успехот на Сер Алекс Фергусон затоа што живееле во неговата сенка место да го натераат тимот да игра на нивни начин. Фудбалерите беа импресионирани од неговиот пристап и работа“, објаснил изворот. Прекарот го добил поради големите сличности со тренерот на Фенербахче.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.