Фулам загриза по играчот од средниот ред, Јунајтед не крие дека е на продажба

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Фулам загриза по играчот од средниот ред, Јунајтед не крие дека е на продажба

Освен што се прилично активни на трансфер пазарот, Манчестер Јунајтед ќе мора и да продава. Фулам е упорен и силно посакува да го ангажира Скот МекТоминеј. Ставот на Јунајтед е дека тие би биле спремни да го продадат ако стигне понуда од околу 30 милиони фунти. Ваквата потенцијална зделка би можела да биде клучна за да се донесе нов играч од средниот ред. „Многу сум задоволен од Скот и од фактот што тој е дел од мојата екипа“, рекол Тен Хаг. Иако претходната сезона МекТоминеј помогна со неколку клучни голови, сепак Јунајтед не крие дека го продава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.