Фустанот ѝ пукна во ефир, но не и самодовербата – реакцијата на водителката стана хит (ВИДЕО)

October 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Фустанот ѝ пукна во ефир, но не и самодовербата – реакцијата на водителката стана хит (ВИДЕО)

Водителката на „CBS Sports“, Кејт Скот, доживеа незгоден момент за време на емисијата во живо, откако ѝ пукна фустанот што го носеше во студиото. Иако ситуацијата можеше да стане мошне непријатна, Скот реагираше мирно, со насмевка и професионализам – што само ја потврди нејзината смиреност пред камерите. Настанот предизвика смеа и добра атмосфера кај присутните во студиото, меѓу кои беа и фудбалските легенди Тиери Анри, Џејми Карагер, Клинт Демпси и Мика Ричардс. Наместо непријатност, моментот се претвори во кратка шега и уште еден доказ дека дури и во директен пренос, вистинските професионалци знаат како да се справат со неочекувани ситуации.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.