Галата откри колкава плата ќе му дава на Осимен!

September 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Галата откри колкава плата ќе му дава на Осимен!

Виктор Осимен конечно „избега“ од Наполи, па откако опциите се намалија и конкретно со Челси не постигна договор, потпиша за Галатасарај како позајмен играч на една сезона. Турскиот гигант ја потврди информацијата за тоа дека нема да платат никаква оштета за оваа зделка, а воедно ја открија и платата која Осимен ќе ја заработува. „Постигнат е договор со професионалниот фудбалер Виктор Осимен и неговиот клуб Наполи за бесплатна позајмица. Фудбалерот ќе биде платен 6.000.000 евра за сезоната 2024/25“, се наведува во нивното соопштение. Ако се земе во обзир оваа плата и ако се спореде со информациите кои велеа дека во Челси ќе заработувал вкупно осум милиони евра, навистина е тешко да се процени што се случувало позади затворени врати помеѓу Осимен и тимот од Лондон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.