Германците рутински против Унгарија, се пласираа во осминафиналето (ВИДЕО)

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Германците рутински против Унгарија, се пласираа во осминафиналето (ВИДЕО)

Во второто коло од групната фаза на Европското првенство, домаќинот Германија ја совлада Унгарија со 2-0 и така се пласираа во осминафиналето. Првиот гол за Германија го постигна Мусиала на асистенција на Гундоган во 22. минута. Во второто полувреме Германците ја обезбедија победата со голот на Гундоган во 67. минута на асистенција на Мителштад. Следниот натпревар Германија ќе го игра против Швајцарија, а Унгарија ќе игра против Шкотска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.