ГОТОВО Е: Терзиќ го напушта Дортмунд!

June 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ГОТОВО Е: Терзиќ го напушта Дортмунд!

Борусија Дортмунд и тренерот Един Терзиќ се разделуваат. Терзик го освои Купот на ДФБ со Дортмунд во 2021 година, беше втор во Бундеслигата во 2023 година и стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, а сега побара раскинување на договорот што Дортмунд го прифати. „Драга Борусија, иако навистина ме боли во моментов, би сакал да ве информирам дека од денеска заминувам. Беше огромна чест што можев да го одведам овој голем клуб до победа во Купот на ДФБ и неодамна до финале во Лигата на шампионите. Ги замолив одговорните за разговор по нашето финале на Вембли бидејќи по десет години тука, имам чувство дека претстојниот рестарт ќе биде проследен со нов човек на чело на овој клуб. Секој што ме познава знае дека во текот на овој процес на одлучување во изминатите неколку недели, две срца чукаа во моите гради. Но, и по интензивни дискусии, моето основно чувство не е променето. На Борусија Дортмунд секогаш му посакувам се најдобро“, рече тој. Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке, истакна: „Един Терзиќ направи извонредна работа за време на неговиот престој во Дортмунд. Сите ние му должиме огромна благодарност. Един и јас секогаш ќе бидеме пријатели“, додаде тој. Допрва ќе се знае дали оваа одлука ќе зависи од тоа дали Хумелс ќе остане бидејќи медиумите пишуваа за нивниот конфликт околу тоа како посакувал Терзиќ Дортмунд да игра на што Хумелс не се согласувал па имаше одредени информации дека еден од нив ќе треба да замине.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.