August 24, 2024 | | Свет
Гундоган после само една сезона во Барселона се врати во Манчестер Сити во бесплатен трансфер. Барселона и летово е во лоша финансиска состојба па беа приморани да се ослободат од некој кој зема многу плата, а наводно му било кажано од страна на Флик дека сезонава нема многу да игра па мораа да се разделат со него. Задоволен беше и Гвардиола кој со раширени раце го дочека Германецот. „Илкај имаше неверојатни зборови за своето искуство во Барселона, кажа само добри работи и мислам дека имаше одлична сезона. Знаеме колку е компетитивен, а јас обожавам таков вид на играчи за врска. Секогаш сум бил заљубен во неговите квалитети, тој може да покрие две или три позиции во средниот ред. Го познаваме многу добро, играше на високо нив во Барселона и таму одигра многу натпревари. Беше добар и на Европското првенство и немавме дилеми дали треба да го вратиме. Пресреќни сме што се враќа, тоа беше лесна одлука. Знаеме дека веќе не е тинејџер, но решивме да го вратиме бидејќи имаше многу добра сезона, заклучно со Европското првенство во Германија“, рече Гвардиола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |