September 13, 2024 | | Свет
На социјалните мрежи Ерлинг Халанд објави дека починал нивниот близок семеен пријател Ивар Егија. Наводно, од клубот биле спремни да го поддржат Халанд и да му дозволат викендов да го пропушти дуелот со Брентфорд, иако сè уште нема официјална потврда за такво нешто. Егија бил кум на таткото на Халанд и претходно бил заедно со напаѓачот при неговото претставувањето како играч на Сити во 2022 година, како и на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ минатата година. И тренерот Гвардиола веднаш му пружи целосна поддршка на Норвежанецот. „Тежок момент за него и за неговото семејство. Нашите мисли се со нив. Тажно е, и ќе видиме утре дали ќе биде психички и физички подготвен да игра“, објасни Гвардиола. Во објавата на инстаграм Халанд напиша објава поврзана со блискиот семеен пријател. „Ти си легенда, Ивар. Зборовите не можат да опишат колку многу значеше за мене и колку многу ќе ми недостигаш! Ти благодарам за сè. Ќе се видиме повторно. Почивај во мир, Ивар“, објави Халанд,
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |