Халанд ги поместува границите: Две кола по ред постигнува хет-трик! (ВИДЕО)

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Халанд ги поместува границите: Две кола по ред постигнува хет-трик! (ВИДЕО)

Манчестер Сити рутински славеше на гостувањето кај Вест Хем, а во центарот на вниманието повторно се најде неверојатниот Ерлинг Халанд кој постигна уште еден хет-трик, втор натпревар по ред. Тој го отвори резултатот во 10. минута на асистенција на Бернардо Силва. Вест Хем се врати со автоголот на Рубен Диаш во 19. минута а до крајот на полувремето, поточно во 30. минута, Халанд постигна неверојатен гол каде Ареола не можеше ништо да направи. Победата Халанд ја потврди со третиот гол кој го постигна во 84. минута и така ги отстрани дилемите за тоа дали неговиот тим ќе слави во денешниот дуел. Очигледно е дека овој стадион му лежи на Халанд каде и својот прв гол во Премиер лигата го постигна токму на овој стадион. Следува репрезентативната пауза, па така за две недели Сити ќе го дочека Брентфорд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.