Хрватите шокирани: Албанија во 95. минута извади бод! (ВИДЕО)

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хрватите шокирани: Албанија во 95. минута извади бод! (ВИДЕО)

Албанија во 95. минута ја шокираше Хрватска и успеа да дојде до 2-2 преку голот на Ѓасула, што искрено е и праведен резултат со оглед на прикажаното од двете селекции. Лачи погоди во 11. минута за Албанија па на полувреме водеа со минимален резулат. Во второто полувреме Хрватска се обидуваше и во рок од две минути постигна два гола. Најпрво во 74. минута Крамариќ погоди на асистенција на Анте Будимир а две минути подоцна Ѓасула постигна автогол. Но, следуваше шок на Хрватска во 95. минута кога токму Ѓасула успеа да израмни на 2-2 што беше и конечен резултат. Во последното коло од групната фаза Хрватска ќе игра против Италија, а Албанија ќе се сретне со Шпанија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.