И Карвахал е отворен за штрајк: Играчите никој ништо не ги прашува!

September 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

И Карвахал е отворен за штрајк: Играчите никој ништо не ги прашува!

Дани Карвахал е уште еден фудбалер кој е отворен за штрајк на фудбалерите поради прегустиот календар кој го имаат играчите. Досега за оваа зборуваа Де Брујне, Бернардо Силва, Аканџи, Родри и Кунде. „Штрајкот поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција, можност што ние играчите ја разгледуваме. Никој ништо не не прашува, воопшто не ни обрнуваат внимание и затоа мораме да го кренеме гласот“, рече тој. Играчите имаат алиби за тоа. Имено, со новиот формат на Лигата на шампионите, фудбалерите ќе треба да одиграат и по 70 натпревари во една сезона, а некои и повеќе. Од друга страна пак, за разлика од порано, платите на фудбалерите и тоа како се зголемени, па можеби и ФИФА и УЕФА би имале одредено алиби во однос на оваа тема.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.