October 28, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед официјално денеска потврди дека Тен Хаг е отпуштен и дека Руд ван Нистерлој ќе биде привремен тренер. Ова следува по низата на лоши резултати на клубот, а очигледно поразот против Вест Хем ја прели чашата. Одреден период Јунајтед преговара со Чави како негова замена каде беше откриено дека раководството на клубот било во Барселона за да преговара со Шпанецот. Но, освен Чави, како опција се наметнува и Јулијан Нагелсман, или барем Јунајтед смета дека може да го убеди. Наводно, тие ќе си пробаат среќата и ќе му пристапат на селекторот на Германија за да го убедат да седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Воедно, планот на клубот е ван Нистерлој да биде краткорочно во клубот и наскоро се очекува да се најде тренер.
🚨🚨| BREAKING: Manchester United are going to try their luck and APPROACH Julian Nagelsmann. 🇩🇪 [@SamC_reports] pic.twitter.com/VMQYFSSSWL
— CentreGoals. (@centregoals) October 28, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |