June 10, 2024 | | Свет
Поразот на Англија во пријателскиот натпревар со Исланд каде загубија 0-1 отвори многу прашања и постои огромна загриженост кај Англичаните околу тоа каков ќе биде нивниот успех на Европското првенство. „Порази како овој против Исланд мора да бидат аларам за нас да се разбудиме. Мора да сфатиме дека на ЕП нема да биде толку лесно како што многумина мислат. Имаме многу работа и треба да се разбудиме. Има многу работи кои мора да ги поправиме, посебно пресингот. Натпреварите во групата ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме квалитетно да се браниме, а во нападот да бидеме трпеливи“, вели Кејн пред ЕП. Од репрезентација која има ваков квалитет на фудбалери каков што има Англија во моментов се очекува многу, а според обложувалниците, но и според различни експерти и луѓе инволвирани во фудбалскиот свет, тие се сметаат за главни фаворити за освојување на ЕП. Англичаните се во група со Словенија, Србија и Данска, а нивиот прв натпревар ќе го одиграат против Стбија на 16-ти јуни.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |