Кимих донесе одлука: Не си оди летово!

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кимих донесе одлука: Не си оди летово!

Според новинарот Флоријан Плетенберг, одржани се првите разговори помеѓу Баерн Минхен и Џошуа Кимих за евентуален нов договор каде посточекиот му завршува наредното лето. „Џошуа многу години е важен играч за Баерн и се очекува да биде и во иднина“, објави Макс Еберл, член на одборот за спорт во клубот. Баерн би слушал големи понуди, но Кимих отфрла трансфер ова лето. ПСЖ го сака, но 29-годишниот фудбалер сака да остане. Затоа, Баерн се обидува да го убеди да потпише нов договор со намалена плата (сегашната му е до 20 милиони евра годишно) каде клубот треба да ја намали структурата на платите во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.