Консеисао погоди во 92. минута за победа на Португалија (ВИДЕО)

June 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао погоди во 92. минута за победа на Португалија (ВИДЕО)

Со погодокот на Консеисао во 92. минута Португалија успеа да ја совлада Чешка во натпревар каде Португалците се обидуваа и мачеа, но некако стигнаа до победа. Провод прекрасно погоди за Чешка во 62. минута, Хранац си постигна автогол при што Португалија изедначи а во 92. минута Консеисао беше херојот. Следниот натпревар Португалија ќе го игра против Турција, а Чешка против Грузија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.