Конте утре и официјално ќе стане тренер на Наполи

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конте утре и официјално ќе стане тренер на Наполи

Антонио Конте е во Рим каде утре ќе го потпише договорот како нов тренер на Наполи. Тој денеска беше забележан со директорот на Наполи, Мана каде заено летаа за Рим.

Тој ќе потпише договор до јуни 2027 година а исто така ќе има и рекордна плата со тоа што никој претходно во Наполи не бил платен како него, а ќе има и повисока плата од сите менаџери во Серија А.

Во договорот не постои клаузула за раскинување на договорот или некаква клаузула со кој би го напуштил клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.