October 26, 2024 | | Свет
Дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде игра страшна сезона и во пресрет на вечерашниот дуел против Реал Мадрид, тој рече дека ова е најголемиот натпревар во светот на спортот. Тој воедно го очекува и дуелот кој вечерва ќе го има против Винисиус Жуниор. „Винисиус е главниот кандидат за „Златната топка“ и еден од најдобрите играчи, но за мене тоа е предизвик. Поради вакви дуели го сакам фудбалот. Тој е веројатно најголемата закана, но противникот има и други одлични играчи. Тоа е тим полн со таленти, играчи кои можат сами да решат натпревари. Винисиус не е играч што можеш сам да го сопреш, особено за 90 минути. Тој не запира, и дефинитивно ќе има моменти кога ќе ми биде потребна помош“, изјави Кунде. Французинот додаде и дека тимот сега има поинтензивен и подиректен пристап во споредба со стилот на претходниот тренер Чави. „Барселона секогаш играла со висока дефанзивна линија, но оваа сезона таа е уште понапред. Покрај тоа, притискаме многу повисоко. Ханси Флик има јасна филозофија, без разлика на противникот. Тој знае што сака, и мислам дека тимот тоа добро го разбира. Одличната работа на напаѓачите во пресингот, исто така, ни помага да создадеме повеќе шанси за голови и да ги држиме противниците под притисок. За да играме ваков тип на фудбал, потребно е да бидеме во најдобра форма, бидејќи се бара многу труд“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |