August 22, 2024 | | Свет
Тибо Куртоа на социјалните мрежи денес објави дека ја напушта белгиската репрезентација и дека нема намера да брани за селекцијата сѐ додека Доменико Тедеско е селектор. Засега не се откриени причините поради кои Куртоа одлучи да го направи тоа, но очигледно има недоразбирања со Тедеско кои не можат да се надминат. „Би сакал да упатам апел до белгиските навивачи и навивачите на нашата репрезентација. Чувствувам голема љубов и гордост што ја претставувам мојата земја, како и секој од вас на теренот. Горд сум што го носам репрезентативниот дрес. Дури и во моите најлуди соништа не можев да замислам дека можам да го направам ова повеќе од 100 пати. За жал, по настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово водство. Во ова прашање го прифаќам мојот дел од одговорноста“, напиша Куртоа на Инстаграм.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |