Лапорта: Ако постои клуб кој е фаворизиран, тоа сигурно е Реал Мадрид

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лапорта: Ако постои клуб кој е фаворизиран, тоа сигурно е Реал Мадрид

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во подкастот Barca One вчера изјави дека Реал Мадрид живее во свој паралелен свет и дека тие сакаат да ги извртуваат приказните во своја корист.

„Кога игравме на Бернабе, на сите ТВ екрани прикажуваа видео исечоци од судиски грешки против нив. Ако постои некој клуб кој е фаворизиран, тоа сигурно е Реал Мадрид“, изјави тој.

Лапорта додаде дека на Барселона и се нанела голема штета порано пропагандата за слујачот Негреира.

„Единствената камера која наводно не работела беше таа камера на која можеше да се види дали при нашиот корнер, топката ја помина линијата или не“, појаснува Лапорта.

 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.