Легенда на Арсенал до Рашфорд: Дојди тука, ќе ти понудат она што Јунајтед не може

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легенда на Арсенал до Рашфорд: Дојди тука, ќе ти понудат она што Јунајтед не може

Маркус Рашфорд ја имаше една од најлошите сезони во Јунајтед каде цела сезона не успеа да се пронајде себеси и воопшто не личеше на оној Рашфорд од претходно. Веројатно и ваквата сезона го оддалечи од Европското првенство па така воопшто не беше ни повикан за да игра за Англија. Со неделна плата од 365 илјади фунти, едноставно нивото на кое тој треба да игра мора да биде повисоко. Во 33 натпревари оваа сезона во Премиер лигата постигна само 7 гола и 2 асистенции, а можеби промена во неговата кариера би била освежување. Токму некогашниот играч на Арсенал, Бакари Сања му совет на Рашфорд дека треба да го промени дресот и да се пресели во Лондон, затоа што Арсенал можел да му го понуди тоа што Јунајтед не може во моментот. „Доколку еден Рашфорд биде дел од вака млада и талентирана екипа во Арсенал, тоа ќе биде голем чекор за „топчиите“. Рашфорд е неверојатно брз и би бил корисен во нападот. Мислам дека доколку Арсенал го обезбеди Рашфорд, тоа ќе им даде дополнителна сила во нападот, па би сакал да го видам заедно со Хесус во нападот“, вели тој. Сања додаде дека во Арсенал и тоа како има место за него и дека тоа би бил фантастичен трансфер и голем чекор за амбициите на клубот. „Секој кој следи фудбал ќе каже дека Рашфорд не беше најдобар, но никој не може да го негира неговиот квалитет и потенцијал, може да биде најдобар светски играч. Рашфорд е пред се млад, сметам дека Арсенал може да му го понуди тоа што Јунајтед не успеа последните неколку сезони, во Арсенал ќе има добра хемија со Хесус во нападот, мислам дека ќе кликнат заедно“, порача Бакари Сања.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.