Легендарниот Ширер со совет за Јунајтед: Ван Нистелрој мора да го среди тоа!

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Легендарниот Ширер со совет за Јунајтед: Ван Нистелрој мора да го среди тоа!

Манчестер Јунајтед претпре пораз на гостувањето кај Брајтон и тоа во 95. минута со голот на Жоао Педро. Легендарниот Алан Ширер изјави дека асистенот на Тех Хаг, поранешниот врвен напаѓач Руд ван Нистелрој ќе мора сериозно да работи со офанзивните фудбалери за да се избегне лошата ефикасност која продолжува и оваа сезона. „Рашфорд одигра два натпревара сезонава и не упати ниту еден директен удар кон голот. Јунајтед минатата сезона постигна 57 голови, најмалку меѓу екипите од горниот дел на табелата, па веројатно и затоа беше доведен Ван Нистелрој. Тој ќе мора да употреби дел од својата магија за да ги подобри“, рече Ширер. Тој рече дека кога Хојлунд ќе се врати од повредата, ќе мора и тој сериозно да придонесе со голови. Дури и Тен Хаг зборуваше за овој проблем на Јунајтед, а ако Манчестер планира добар пласман во Премиер лигата, ова ќе мора брзо да се поправи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.