Лудило на ЕП: Лице од обезбедувањето со лизгачки старт го повреди Мората! (ВИДЕО)

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лудило на ЕП: Лице од обезбедувањето со лизгачки старт го повреди Мората! (ВИДЕО)

По крајот на мечот меѓу Шпанија и Франција се случи една несекојдневна случка. Додека Шпанија го славеше влезот во финалето, на теренот влета навивач, а лицето од обезбедувањето кои се обидуваше да го фати фанот, се лизна и го удри Алваро Мората. Шпанскиот напаѓач направи ужасна гримаса на лицето и се фати за коленото. Сеуште нема информации дали станува збор за посериозна повреда и дали ваквиот инцидент би влијаел на неговиот настап во финалето.

 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.