Луис Енрике го дозна резултатот на „Ел Класико“ и изненади со поставеното прашање (ВИДЕО)

January 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Луис Енрике го дозна резултатот на „Ел Класико“ и изненади со поставеното прашање (ВИДЕО)

Вчерашниот фудбалски ден донесе возбудувања од различни елитни натпреварувања, со финалето на Суперкупот на Шпанија како главен настан, но не помалку интересен беше и натпреварот на ПСЖ против Ст. Етјен, кој заврши со победа од 2:1 за домашните. Поранешниот играч и тренер на Барселона, Луис Енрике, привлече внимание со својата реакција на резултатот од „Ел Класико“. Шпански новинар му го пренесе исходот од натпреварот во Џеда и го запраша дали планира да ја гледа репризата кога ќе се врати дома. „Не мислам дека ќе гледам реприза, преморен сум… Играше ли Дани Олмо? – запраша Луис Енрике, а кога доби позитивен одговор, го изрази своето задоволство. „Среќен сум за Дани Олмо, му посакувам сè најдобро“, изјави тренерот на ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.