Лука Тони: „Пеп го уништи фудбалот, поради него четири години не можев да си најдам клуб “

October 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лука Тони: „Пеп го уништи фудбалот, поради него четири години не можев да си најдам клуб “

Пеп Гвардиола се сретна со легендарните Лука Тони и Роберто Баџо. Тони сними видео во кое вели дека поради Гвардиола четири години не можел да си најде клуб. Тони мислеше на позицијата лажна деветка која Пеп ја проба за прв пат со Меси. „Пеп, ти го уништи фудбалот со твојата лажна деветка. Не можев да си најдам клуб четири години. Дали играше така само поради Меси? Ти се допаѓаат ли воопшто класичните напаѓачи?“, шегувајќи рече Тони. Потоа следуваше одговорот од Гвардиола. „Имам, Ерлинг Халанд, 60 голови. Со тој напаѓач освоивме тројна круна, но напаѓачот мора да и добар, ме разбираш?“, му одговори Гвардиола. Тони на крај шеговито му врати: „Добро, но те молам престани со лажните деветки. Големите централни напаѓачи се подобри“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.