Мбапе сепак нема да оди на операција, ќе носи специјална маска

June 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе сепак нема да оди на операција, ќе носи специјална маска

Франција вчера многу потешко од очекуваното ја совлада Австрија со минимални 1-0 со автоголот на Вобер. Но, Франција скапо ја плати цената на победата бидејќи Килијан Мбапе го скрши носот и повредата воопшто не изгледаше добро. Воедно, тој направи еден некоректен потег пред крајот на натпреварот каде со скршен ноз влезе на терен и веднаш легна, изгледа да потроши време, а потегот резултираше со жолт картон. Иако прво се пишуваше дека ќе оди на операција, сепак тоа нема да се случи и тој ќе добие само третман во наредните денови. „Ќе му се направи маска на Мбапе за да може 10-ката на француската репрезентација да се подготви за враќање во натпреварувањето по период посветен на лекувањето“, велат од Француската Федерација.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.