October 4, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед избегна пораз во последните минути во дуелот со Порто во Лигата на Европа каде Мегваер од корнер погоди за конечните 3-3. Стоперот застана во одбрана на тренерот Тен Хаг и рече дека долго време е во клубот и дека знае да се справи со целата ситуација. „Играм за овој клуб веќе шест години, знам како се работи овде. Кога тимот ќе се најде во тежок период, се врши притисок и врз играчите и врз тренерот. Тој е доста искусен и долго време е во овој клуб, па сигурен сум дека знае како да се справи со тоа. Тоа е дел од привилегијата што ја добиваш да играш за овој клуб“, изјави Мегваер. Наредниот натпревар за Јунајтед е гостувањето кај Астон Вила, па ова може да биде уште едно тешко гостување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |