June 12, 2024 | | Свет
Европското првенство кое ќе се одржи во Германија започнува во петок каде Германија и Шкотска го отвараат турнирот. Франција е меѓу главните фаворити а нивниот капитен Килијан Мбапе неодамна изјави дека Европското првенство е потешко натпреварување од Светското првенство. Лионел Меси пак не се согласува со ова. ,,Секој го цени тоа што го игра. ЕП е многу важно, но Аргентина, трикратниот светски шампион, не е на него. Не е и Бразил, кој пет пати беше светски првак, ниту Уругвај, кој двапати го освои Светското првенство. Многу светски шампиони не играат на ЕП за да се каже дека ЕП е најтешко’’, рече Лионел Меси. Тој додаде дека на Мундијалот најчесто играат најдобрите селекции и најчесто таму се сите земји кои ја освојувале титулата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |